Утре ќе се отвори саемот „Денови на мед 2021“

На градскиот плоштадот утре ќе се отвори саемската манифестација „Денови на мед“. Наредните два дена, петок и сабота, кумановци ќе можат да дегустираат мед и други пчелни производи и истите да ги купат по пониски цени од вообичаените. Настанот се одржува по 21-ви пат, во организација на Здружението „Пчела“ Куманово.

Свеченото отворање е предвидено во 10 часот. Саемот претходно беше одложен поради лошите временски услови. Манифестацијата „Денови на мед“ се организира со поддршка на Општина Куманово.