Учениците од „Киро Бурназ“ се обучуваат во фризерско студио „Нате“

Ученици од средното училиште „Киро Бурназ“ подолг период се обучуваат во фризерското студио „Нате“. Сопственичката на студиото, Наташа Додевска раскажува за успешната обука на учениците од фризерско- козметичкиот сектор.

-Презадоволна сум од нивната одговорност, редовност, трудот што го вложуваат да станат успешни фризери. Голема благодарност до директорката и сите професори што и на овој убав ден, отворен ден во ова училиште, го посетија мојот салон-нагласува Додевска.

По завршување средно образование, учениците кои посетувале обука се поконкурентни на пазарот на труд, ќе можат да останат кај работодавачот или пак да си отворат сопствен салон.

 

Коментари

коментар(и)