Учениците од „Перо Наков“ ја изведоа претставата „ДР“

Претставата „Др“ по текстот на Бранислав Нушиќ синоќа во кумановскиот театар премиерно ја изведоа учениците од драмската секција при средното економско училиште Перо Наков.  Кумановци имаа можност да уживаат во делото кое содржи вонвременски атрибути на комичност. Учениците ги подготвија професорите Александра Георгиевска и Сашо Тодоровски.

-Во претставата се работи за доктор кој е пратен да студира во странство, тоа е всушност друг лик, но ќе се разјасни на крај. Се надеваме на две успешни претстави во почетокот, па за третата ќе видиме, јас го играм ликот на вујко Благоја – изјави Димитар Петрушевски, ученик во СОУ „Перо Наков“.

-Во претставата учествувавме 14 ученици со помош на двајца ментори, професорката Александра Ѓорѓиевска и професорот Сашо Тодоровски. Претставата ја спремавме три месеци, се надеваме дека ќе биде успешна. Голема благодарност до Фото кино клуб „Козјак“ и Кети Дончевска Илиќ – изјави Милена Стојановска, ученичка во СОУ „Перо Наков“.

-Јас ја играв улогата Милорад Цвијовиќ, успешно се подготвувавме три месеци и ги повикувам сите и вечерва да ја проследат репризата од претставата – изјави Мартин Павловски, ученик во СОУ „Перо Наков“

Во претставата играат покрај Димитар Петрушевски, Милена Стојановска и Мартин Павловски, учествуваат и  Николај Павловски, Стефан Павличек, Викторија Ивановска, Катерина Стојмановска,  Кристина Петрушевска, Гоце Хаџиски, Теодора Стојковска, Јована Димитриевска, Сара Спасовска, Ивона Лазаревска и Игор Стојчиќ .

 

Коментари

коментар(и)