Ученици и наставници од „Перо Наков“ ја посетија Романија

Делегација од пет ученици и наставници од средното училиште Перо Наков, од 8-ми до 12-ти месецов престојуваше во градот Кампиа турзи, Република Романија. Посетата е во рамки на проектот Учење преку воннаставни активности од програмата Еразмус плус на национална агенција за Европски образовни програми и мобилност. Истиот се спроведува со три партнер организации од Романија, Литванија и Полска.

-Таму присуствувавме на интегрирани часови по неколку наставни предмети што не се одржуваа во училиштето, туку во други воспитно образовни и културни установи, музеи, рудници, театри и слично. Стекнавме големо искуство кое ќе го споделиме на нашите колеги и ученици. Целта е часовите што се одржуваат во училиште да се види дека може да се одржат и во некои други инситуции и дека можат неколку предмети да се сплотат во еден-истакна Елена Трајановиќ, дефектолог СОУ „Перо Наков“.

Учениците истакаа дека имале можност да стекнат нови знаења и искуства но и да се запознаат со културата, обичаите на оваа држава.

-Самиот пречек беше многу добар од нашите домаќини во Романија, имавме часови кои се одржуваа надвор од училиштето се запознавме со нивната култура и обичаи кои се многу слични со нашата не пречекаа со сол и леб, имавме многу добри впечатоци кои ги чекаме да дојдат кај нас да ги покажеме и ние нашите обичаи-изјави една ученичка.

-Најголем впечаток ми остави рудникот каде имавме интегрирани часови, во овој рудник се копа сол, тоа за мене беше многу интересно, тука се запознавме со другите својства на солта каде се можеме да ја употребуваме, дека покрај во храната и во јадењето можеме да го користиме и во медицината и така-додаде друга ученичка.

-Најголем впечаток ни остави интегрираниот час во ботаничката градина се запознавме со мниогу видови на цвеќиња дрвја, нивниот изглед, боја има различни цвеќиња од нашите и тоа е едно ново искуство. Беше навистина убаво, интересно, си поминавме многу убаво-посочи трета ученичка.

Надлежните истакнаа дека е планирана и возвратна посета.

 

Коментари

коментар(и)