Уште еден училишен проект го виде светлото на денот. Имено, проектот за реконструкција на училишната сала, во „Х.Т.Карпош“, село Драгоманце, се реализира преку Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) Скопје, а средствата во висина од 1.517.591 денари се обезбедени од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) со учество и поддршка на локалната заедница во износ од 510.796 денари. Градежните работи почнаа во октомври 2020 година.
„Објектот има комплетно нов современ изглед, ставени се нови ПВЦ-врати и прозорци, отстранети се старите слоеви на ѕидовите, променет е кровот, ставена е термичка фасада, нови подови и осветлување и две помошни простоии кои ќе служат како соблекувални“, – изјави директорката Анета Станковиќ Јанковска. Салата што се наоѓа во училишниот двор претставуваше нерепрезентативна слика и создаваше потешкотии во реализацијата на часовите по физичко и здравствено образование. Отсега учениците ќе имаат и соодветно место за оддржување на манифестации од различен карактер.