Училиштата подготвени да ги пречекаат учениците

Основните училишта во градот интензивно се подготвуваат за почетокот на новата учебна година. Во дел од училиштата е извршена дезинфекција и дезинсекција, а наставниците заедно со училишните одбори го изготвуваат распоредот на часови.  Директорката на основното училиште „Кочо Рацин“, Лидија Пешевска вели дека кај нив веќе се распоредени паралелките и училниците.

-Веќе сме длабоко навлезени во подготовките, спремни да ја дочекаме оваа учебна година, со приемот на првачињата, уредување на учииштето, варосување, средување, околу хигиенските услови за работа, постигнување подобри резулатити во наставата, подобрување на услови за работа во училиштетот и т.н. и секако зајакнување на соработката со родителите-изјави Лидија Пешевска директор на ОУ Кочо Рацин.

Новина во ова училиште е тоа што во новата учебна година учениците од прво до деветто одделение, ќе имаат задолжителни униформи. Пешевска смета дека со овој чекор ќе се запази социјалната разлика меѓу учениците, односно ќе се нагласи еднаквската, а воедно и ќе се намалат материјалните трошоци за родителите.

-Имаме запишано досега околу 127 првачиња, 5 паралелки во прво одделение, се уште доаѓаат луѓето прашуваат за запишување, очекуваме уште прилив на првооделенци до почетокот на 1-ви септември-наведе таа.

Инаку подготовките за учебната 2015-2016 година се во тек и во основното училиште Браќа Миладиновци. Се чисти училиштето, се подготвуваат училниците, останува уште да пристигнат книгите и да се направи распоредот на часови, вели директорката Марина Манојловска.

-Ние забрзано се спремаме за новата учебна година, делот на улицата Томко Димков која е исто така под нас ја реновираме благодарение на УСАИД и на локалната самоуправа, како и со сопствени средства. Таму планираме некаде до петок, наредната недела да бидат завршени сите работи и да се направи една голема генералка на самиот објект додека на објектот на улицата Тане Георгиевски и овде имаме завршено сите подготовки и сме веќе спремни за новата учебна година-истакна таа.

Манојловска додаде дека веќе втора година по ред основното училиште Браќа Миладиновци има најголем број на упис на првачиња. Инаку и во другите училишта течат подготовките за старт на учебната година.

Коментари

коментар(и)