Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода А.Р.(20 години) од Куманово. Тој се сомничи дека во текот на денот на улицата „Ленинова“извршил кражба на паричник од А.С..
Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.