Филипче: Брзи антигенски тестови за учениците во основните и средните училишта

„Засега, состојбата во училиштата е стабилна, но поради претпазливост и располагање со точни информации и сознанија во подготовка е методологија за спроведување на скрининг тестирање за учениците во основните и средните училишта. Тестирањата на учениците ќе се прават со брзи антигенски тестови“, ова денеска го соопшти министерот за здравство д-р Венко Филипче, кој воедно истакна дека дополнително ќе бидат презентирани сите детали околу начинот на спроведување на овој скрининг.

– По почетокот на учебната година се забележува очекуван раст на случаите меѓу учениците. Фактот што најголем дел од младите на таа возраст го поминуваат вирусот асимптоматски, упатува на потребата од вакво тестирање да се види реалниот број на заразени во училиштата и да се процени точно ризикот. Она што е важно дека засега состојбата во училиштата е стабилна, но ваквото тестирање ќе ни даде точни информации и сознанија за понатамошен менаџмент на пандемијата и обрзованието, рече Филипче.

Согласно препораките на Американска агенција за лекови и ЕМА, како и анализите на кои се работеше во изминатиот период за тоа кои лица треба да примат трета доза вакцина, Комитетот за имунизација донесе одлука околу трета бустер доза.

Сите граѓани постари од 60 години, здравствени работници независно од возраста и пациентите кои имаат трансплантации, на дијализа или имаат имунокомпромитирана здравствена состојба, по 6 месеци од извршена комплетна вакцинација, ќе добијат трета доза на вакцина.

Во изјава за медиуми, министерот за здравство д-р Венко Филипче кажа дека вакцинација со трета доза ќе се врши исклучиво со вакцина од производителот Фајзер и согласно анализите, ваквата одлука е во насока на заштита на оние кои се најранливи и подложни на лоша клиничка слика при евентулано заразување од вирусот.

Вакцинацијата со трета доза на вакцина ќе се врши со покана до граѓаните за термин преку СМС порака.

Коментари

коментар(и)