ВИДЕО: Меѓународниот фестивал „ Денови на комедија“ започнува в понеделник

Со претставата „ Партија реми“ на Драмски театар Скопје, в понеделник ќе започне 24-тото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во НУЦК  „Трајко Прокопиев“. Публиката ќе има можност да гледа неколку претстави од Македонија и земјите од соседството. На првата фестивалска вечер ќе биде доделена и наградата „Васил Иљоски“. Годинава наградата ќе биде врачена на актерката Стојна Костовска.

Од националната установа се надеваат на успешен фестивал, а што се однесува до подготовките, целосно се завршени, а запазени се и сите епидемиолошки мерки во салата како што налагаат пропишаните здравствени протоколи.

-Годинава ќе настапат театри од Македонија, Србија, БиХ и Хрватска. Во веќе утврдената програма има мали измени. Откажано е гостувањето на претставата од Бугарија поради епидемиолошките мерки во земјата, а се додава. На нивно место ќе гостува актерот Зијад Соколовиќ од Сараево. Неизвесно е и играњето на кумановската претстава „Какао“ поради фактот дека дел од екипата е ковид позитивна и наместо нив ќе се игра некоја друга претстава за која организаторите дополнително ќе одлучат. Епидемиолошката состојба се менува постојано и ќе ги следат сите здравствени проколи и мерки од кои зависи и играњето на дел од претставите кои можат да бидат откажани и во последен момент доколку дојде до измени на протколите или некој од актерите не успее да допатува, рече Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“

Од вкупно 670 места во салата, ќе бидат пуштени во продажба околу 200 билети согласно ковид протоколите, по цена од 150 денари. Продажбата на билетите започнува утре.

– Свесни сме дека живееме во време на пандемија и дека театарската уметност да рече е најпогодена во овој период, но се бориме, целата институција застанува зад фестивалот и макотрпно работи овој фестивал да се претстави во најдобро можно светло. Сите претстави се добри и се надевам дека актерите и претставите од страна ќе успеат да дојдат и дека нема да имаме никаков проблем и мораме да бидеме навистина претпазливи бидејќи секој ден се повеќе се влошува епидемиолошката состојба, изјави Владанка Крстевски, актер

Генерални покровители на фестивалот се Министерството за култура од чиј буџет се издвоени 700.000 денари и Општина Куманово, која фестивалот „ Денови на комедија“ годинава го поддржа со 300.000 денари буџетски средства.

Коментари

коментар(и)