Приведен дилер од Куманово

МВР информира дека вчера попладне , полициски службеници од Одделот за Крим-полиција-Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје привеле  36-годишен кумановец .

Како што појаснуваат од полицијата, при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени таблети, марихуана, семки од канабис, како и предмети кои ги набавил за подготовка на мини лабораторија за производство на марихуана – импровизирана направа наменета за производство и одгледување на растенија, вентилатори, рефлектори и друга опрема.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)