Формиран општински совет за социјална заштита

Се одржа првата конститутивна седница на општинскиот совет за социјална заштита. Претставници на одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствената заштита, меѓуопштински центар за социјална работа, Центарот за вработување Куманово, Основното јавно обвинителство, Општинската организација на Црвен крст, СВР Куманово, ЈЗУ „Здравствен дом“, центар за рурален развој „Бујрум“-, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“,ќе работат на утврдување на проблемите и потребите на ранливите категории граѓани и ќе подготват социјален план за нивна реализација, соопштија од одделението.

-Ова тело во кое членуваат претставници од повеќе институции е формирано согласно Законот за социјална заштита и е обврска на сите локални самоуправи. Целта е да се подготви план документ кој е долгорочен и има важност од три години. Веќе почневме со детектирање, имаме одредени податоци. Откако ќе се заврши со мапирањето на проблемите, прибирањето податоци ќе го подготвивме социјалниот план кој е со важност од три години и врз чија основа одделението ќе подготвува едногодишни програми за сите три последователни години, вели претседателката на Советот Тања Стефановска.

 

Коментари

коментар(и)