Во црквата Света Петка во населбата Бедиње денеска православните верници го одбележаа празникот Источен петок или Балаклија. Граѓаните ја посетија црквата каде што се празнува денот поврзан со Пресвета Богородица и нејзините молитви кон Бога.
Овој празник не се определува според датум, туку секогаш се празнува во петокот по Велигден. Средата и петокот од Светлата недела, односно по Велигден се јаде мрсна храна. Верниците се причестија, исекоа колач, запалија свеќи и се помолија за здравје и среќа.
Митрополитот кумановско-осоговски Григориј утринава одржа литургија.