Фризерското студио „Нате“ се врати од Бугарија со две меѓународни признанија

Наташа Додевска, сопственичка на фризерското студио „Нате“, освои две први места на 24-от Меѓународен фестивал на фризури, кој викендов се одржа во Софија, Бугарија. Додевска е наградена за најдобри невестинска и вечерна фризура во силна конкуренција од сто учесници од Бугарија, Италија, Романија, Полска и други европски земји. Наташа последниве години бележи одлични успеси на меѓународни натпреварувања, освоени повеќе први награди, признанија, дипломи.

Студиото „Нате“ има регистрирано и Академија за фризери, прва во градот, која е лиценцирана од Министерството за образование. Низ оваа академија за две години поминаа голем број на ученици и практиканти.

„Нате“ успешно работи во Куманово од 2001-та година.