Хируршката амбуланта се префрли во Ургентен центар

Хируршката амбуланта од денеска работи во новите простории во состав на Ургентниот центар. Се стави крај на проблемите со кои се соочуваше медицинскиот персонал кој со години работеше во лоши услови во подрумските простории на општата болница, но и пациентите кои бараа здравствена заштита во катастрофални услови.  Надлежните тврдат дека ова ќе биде минато  најавувајќи  подобри здравстени услуги, велат надлежните.

– Нашите пациенти ќе имаат голем бенефит во смисла на простории, потоа овде ќе 24 часовно обезбедување и 24 часовна работа на ехо -амбуланта која е за итни состојби, ренген, на катот над нас се хирушките сали  и одделението за реанимација така што имаме блиска врска со сите одделенија, со ова мислам дека се реши еден од најголемите проблеми што ги имавме ние како болница, изјави Ариф Љатифи, директор на Општа болница Куманово

Според началникот на Хирургија Методија Димковски, префрлувањето на амбулантата во Ургентен центар е времено решение се до изградбата на новиот Ургентен хируршки центар како продолжеток на постоечкиот.

-Доле во подрумот поради лошите услови често бевме поплавувани, немаше добра  вентилација, лоша комуникација со ренген и со лабораторија, изјави Методија Димковски, началник на Хирургија во Општа болница Куманово

Околу 100 пациенти дневно добиваат здравстевна заштита во амбулантата.

-Колку што сум информиран не функционира ноќе ниту една обична амбуланта, наводно во Здравствена дом  кога има,  кога нема лекар до полноќ, значи нашиот Ургентен центар го опслужува целиот град, матичните лекари затвораат после 19 часот, сабота и недела не работат, се е оставено на Ургентна амбуланта, изјави Методија Димковски, началник на Хирургија во Општа болница Куманово

Со нестандардните услови во подрумските простории каде што до вчера работеше хируршката амбуланта беше запознаен и министерот за здравство Никола Тодоров при една од неговите посети на општата болница во Куманово.

 

Коментари

коментар(и)