Прегазен велосипедист во Доброшане

Шеесет и двегодишниот велосипедист С.С синоќа бил прегазен од камион кој го управувал педесет и осумгодишниот М.Т,  во сообраќајна незгода што се случи на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во населбата Доброшане.

До несреќата дошло во 17 часот и 45 минути, откако товарно моторно возило, движејќи се од периферијата кон градот, со предната десна страна удрило во велосипедистот. Повредениот веднаш со возило на Итна помош бил пренесен во болницата, но поради тешките телесни повреди со кои се здобил, е испратен на скопските клиники. Полицијата изврши увид на местото на настанот.

Жителите на Доброшане велат дека често се случуваат сообраќајни незгоди на овој регионален пат, а повеќето завршуваат со фатални последици. Тие додаваат дека се загрижени за својата безбедност, бидејќи возачите не  ги почитуваат сообраќајните знаци, ниту пак законски пропишаната дозвола на управување возила во населено место. 

Тие апелираат полицијата да врши почести контроли, но не само во врска со брзото возење, туку и да провери дали возачите кои седнале зад воланот се под дејство на алкохол.

 

 

Коментари

коментар(и)