Хуманитарна акција на црквата „Свети Ѓорѓи“

Црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане  израдува четириесетина семејства од козјачкиот регион со донирање на прехранбени продукти и хигиенски средства. Хуманитарната акција која што вчера се организираше првпат, а како што потенцираат надлежните се планира да прерасне во традиција се однесува само за лицата со посебни потреби.

-Денеска правиме една хумана акција од карактер помош на луѓе до хендикеп, сакаме да им помогнеме на луѓето со посебни потреби. Помошта се состои од  средства за хигиена и прехранбени продукти , планираме и понатаму да правиме. Ова е прва акција ќе продолжиме и понатаму со помош на моите пријатели, другари. Денеска поделивме  околу  40 пакети, можеби има и повеќе, планираме акцијата да биде помасовна со поголеми пакети. Помагајте и на вас ќе ви биде помогнато , изјави Дејан Зец, ѓакон во црква „Свети Ѓорѓи“ , Старо Нагоричане

Семејствата кои што вчера дојдоа лично да ја подигнат донацијата се благодарни за ваквиот хуман гест на црквата „Свети Ѓорѓи“. Некои од нив патуваа и по дваесетина километри за да стигнат во селото Старо Нагоричане. За нив секоја помош е добредојдена. Сметаат дека вакви хуманитарни акции треба почесто да се организираат  и да се вклучат поголем број луѓе кои што сакаат да им помогнат на оние на кои што помошта им е неопходна.

Дека треба да се помага на луѓето апелира и бизнис заедницата, но и јавните личности кои што ги подржуваат хуманитарните акции.

-Во секое време е важно да постојат такви луѓе кои што ќе си помагаат едни на други , човечанството е во тоа да си помагаме еден на друг , да бидеме милосливи, Господ е милослив, ова е многу убава акција денеска , јас ја подржувам и би сакала да се случуваат почесто, изјави Викторија Лоба, естраден уметник

Помагање на луѓето  и организирање хуманитарни акции е всушност и една од мисиите на црквите и манастирите.

 

Коментари

коментар(и)