Дамјановски: Партијата и граѓаните ќе одлучат за мојата кандидатура

Доколку партијата има потреба од мене, и ако тоа го бараат граѓаните, јас ќе го прифатам предизвикот и во наредниот период да го водам градот, истакна првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски, коментирајќи ги претстојните локални избори. Тој посочи дека е подготвен и своето место да го отстапи на некој друг. Одлуката би требало да се знае во средината на март.

-Кај нас е започната процедура за избор на кандидати за градоначалник, во месните одбори, потоа ќе имаме извршен одбор и ќе оди на консултации во централното раководство. Еден од тие предлози сум и јас дали ќе бидам кандидат или не во договор со централното партиско раководство ќе пресудиме кое е најдобро решение за Куманово. Во моментот немам чиста позиција дали сум уште во таква добра позиција како минатите три изборни циклуси тоа ќе го видиме после сите испитувања  на јавно мислење и консултација со централното партиско раководство. Дефинитивно одлуката ќе биде околу 7-ми и 14-ти март ако има потреба партијата од мене во понатамошниот период ако граѓани на Куманово сакаат јас да ги водам и наредните години тој предизвик ќе го прифатам, ако тоа не го сакаат граѓаните партијата тоа не го подржува јас сум подготвен да отстапам место и на друг кандидат. Тоа зависи како ќе каже централното раководство и какви ќе бидат анализите на јавното мислење-посочи Дамјановски.

Коментари

коментар(и)