Целовечерен концерт на КУД „Ѓоко Симоновски“

Културно уметничкото друштво „Ѓоко Симоновски“ при Здружението на пензионери синоќа одржа целовечерен концерт насловен Пензионерите за својот град, кој е по повод претстојниот празник 11-ти ноември, Денот на ослободување на градот.

-Ние како домаќини нашето културно- уметничко друштво го претстави достигнувањето на хорската секција со неколку хорски композиции, понатаму нашите солисти, дуети прикажаа дел од својот репертар на народни и забавни песни. Исто така нашите литерати, пензионери во оваа прилика се претставија со една интересна лична творба на наш колега пензионер во врска со спроведувањето на годинешните локални избори, што беше поздравено со аплауз од присутните и со посебно доживување-истакна Спирко Николовски, претседател Здружение на пензионери.

Покрај КУД Ѓоко Симоновски на концертот настапија и пензионери од културно уметничкото друштво од Крагуевац како и од  Здружението на пензионери од Кочани.

-Нашите драги гости од Здружението на пензионерите од Крагуевац прикажаа получасовна програма со сплет, игри и песни од Шумадија.  Публиката беше изненадена со нивниот настап бидејќи се потврди и со аплауз со која беа наградени нашите гости. Вообичаено нашите колеги пензионери од Кочани прикажаа еден дел од својот репертоар пред се нивната мешана фолклорна секција со сплет и игри од кочанскиот крај како и неколку сола од нивни колеги -додаде Николовски.

Годинава КУД Ѓоко Симоновски имаше неколку настапи на домашната и балканската сцена, при што прикажаа дел од својата богата културно уметничка програма.

 

Коментари

коментар(и)