Општинската организација на Црвениот крст Куманово минатата година бележи 2.649 крводарувања, што е приближно на исто ниво како и годините пред пандемијата, информираа денеска од организацијата.
Минатата, 2022 биле организирани 29 крводарителски акции кои се на слично ниво како и претходните години. Лани, по две години пауза се реализираа и крводарителски акции по средните училишта, по приватни компании, здруженија кои за време на пандемијата паузираа со организирање масовни акции.
Во јануари ќе се одржат две веќе редовни крводарителски акции, првата во ЈП „Водовод“ и втората акција со членовите на рибарското друштво „Мак Дам“.
