Црвениот крст ја одбележа неделата на хигиенизација

Согласно календарот на традиционални активности, општинската организација на Црвениот крст во периодот од 08 до 15 април ja одбележува Неделата на хигиенизација, под мотото „Хигиената – лична обврска за колективно здравје”. Волонтерот Никол Ѓорѓевска одржа едукативно предавања на тема „Промоција на хигиена“, на кое присуствуваа 20-ина ученици од клубот на млади. Учениците имаа можност да се запознаат со значењето и придобивките од одржување редовна хигиена, и како тоа има клучна улога и суштинско значење во контрола и превенција на болести поврзани со лошите хигиенски практики.

Коментари

коментар(и)