Црвен крст Куманово и рибарското друштво „Мак-Дам“ организираат крводарителска акција

Во просториите на Црвен крст Куманово (приземје) следната седмица во вторник во периодот од 10 до 15 часот ќе биде организирана крводарителска акција. Организаторите, општинската организација на Црвен крст и рибарското друштво „Мак – Дам“ и повикуваат граѓаните да се приклучат на акцијата бидејќи секоја донација може да спаси нечиј живот.

„Дарувањето крв е најголемиот чин на хуманост. Биди херој денес – дарувај живот!“, апелираат од Црвен крст Куманово.