-Денеска го чествуваме празникот на осветувањето на водите, во духот на христијанството и вековната традиција на нашите предци. Празниците не потсетуваат на заедништво и сплотеност, моменти кога си подаваме рака едни на други, изразувајќи почит и надеж за подобра иднина и просперитет, со верба во Бога и духовните вредности.
Нека е честит денешниот празник Водици, со желби за добро здравје, мир и благосостојба.
Бог се јави, за многу години!