Во ресторан Грација денеска се одржа 25 -та „Кумановска пивтијада 2026“ во организација на здружението на дијабетичари „Куманово” и здружението на граѓани „Еко – гард” од Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општината.
Кум на јубилејното издание на „Кумановска пивтијада“ е Бобан Николовски, директор на Царинската управа и претседател на ОК ВМРО -ДПМНЕ Куманово.
Пред присутните се обратија организаторите Зоран Бојковски и Влајко Стојчевски, кумот на манифестацијата Николовски и градоначалникот Максим Димитриевски, кој ја прогласи за отворена „Кумановска пивтијада 2026“.