Четири санкции за возила што вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Вчера и завчера полициски службеници од полициски станици за граничните преминиТабановце, Долно Блаце и Пелинце, извршиле контрола на две патнички возила, еден автобус и еден минибус кои вршеле меѓународен превоз на патници.

При контрола на автобус со струшки регистарски ознаки, на Граничен премин Табановце, управуван од Ш.Т. од с.Лабуништа, струшко и на минибус со струмички регистарски ознаки, управуван од В.С. од Струмица било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Исто така, на Граничен премин Пелинце, при контрола во патничко возило „форд галакси“ со бугарски национални ознаки, управувано од Н.П. од Куманово и на Граничен премин Долно Блаце, при контрола на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(30) од Арачиново, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Коментари

коментар(и)