Ѓорѓиевска на средба со Здружение на одделенски наставници

Претставниците на Здружението на одделенски наставници „Учител” од Куманово остварија средба со претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Секторот за образование при Општина Куманово Александар Јовановиќ.

ЗОН „Учител” е прво официјално регистрирано Здружение на одделенски наставници, иницирано од група ентузијасти од земјава, формирано со благородна цел, помош, соработка и размена на позитивни наставни практики; вмрежување со други чинители, институции, со цел унапредување на ликот и дигнитетот на одделенскиот наставник, подигнувајќи ја јавната свест за афирмирање на ликот на учителот и унапредување на воспитно- образовниот процес во
одделенска настава.

Средбата е со цел запознавање со програмата, целите и реализираните активности на Здружението на одделенски наставници. „Учител” е унифициран глас за одделенски наставници во јавните училишта во земјава.

„Ме радува составот на Здружението, во Вас препознавам еминентни претставници на одделенска настава, истакнати по својот ентузијазам во работата и докажани во својата професија. Се надевам на поинтензивни средби за поуспешна соработка со Општината со цел, поголема информираност и напредок на Здружението“ – истакна Ивана Ѓорѓиевска, претседателка на Советот на Општина Куманово.

Коментари

коментар(и)