Општина Куманово објави јавен повик за остварување на правото на народна кујна на територијата на општина Куманово за 2026 година.
Правото на користење на народна кујна, го опфаќа правото на еден дневен оброк за едно лице кој ќе биде обезбеден од страна на ЈУ-ОУД „Професор Мијалковиќ“, Куманово како давател на услугата со финансиска поддршка од страна на Општина Куманово за лица кои се наоѓаат под најголем социјален ризик.
Се повикуваат сите граѓани (физички лица), кои се наоѓаат под наjголем социјален ризик да пројават интерес на овој јавен повик, исполнувајќи ги следниве критериуми:
Корисници:
лица- корисници на гарантирана минимална помош во Центар за социјална работа Куманово;
лица корисници на право на социјална сигурност на стари лица;
лица со интелектуална попреченост, лица со телесна попреченост, потполно слепо и потполно глуво лице;
Едно лице може да искористи еден оброк на дневно ниво.
Лицата оброкот го подигнуваат со важечка лична карта.
Еден барател може да поднесе едно барање во кое може да ги наведе и останатите членови на своето семејство како соуживатели на право на користење на народна кујна и за истиот ќе бидат пресметани толку оброци колку што има членови на семејството.
Јавниот повик e објавен на официјалната веб страна на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk
Јавниот повик ќе трае тековната фискална 2026 година.