ЈП „Куманово-гас“ се уште во загуба

Во 2015 година јавното претпријатие Куманово гас изградило 500 метри гасоводна мрежа. Ова беше истакнато на вчерашаната седница на советот на општина Куманово. На гасовод веќе се приклучени училиштата Кочо Рацин и Перо Наков, два верски објекти, неколку општински установи, како и 18 станбени објекти во колективна зграда со 34 станбени единици и бројни домаќинства. Но, и покрај тоа што постојано се поголем број кумановци се заинтересирани за приклучок на гасовод, претпријатието бележи загуба. Советниците од Коалицијата за Подобра Македонија, го прашаа директорот колку време ќе биде потребно за да претпријатието застане на нозе.

-Пред нас е извештајот за 2015 година на Куманово гас, во него убаво е објаснето што е работено оваа година, што е завршено но она што што отскокнува е сумата од 41 милиони денари загуба. Постојано се зборува дека претпријатието е во инвестиција но сепак време е овој негативен тренд да запре. Време е да почне да работи со добивка, затоа што оваа сума од година в година се зголемува-нагласи Ивана Јакимовски советничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Директорот на претпријатието Куманово-гас, Драган Петровски истакна дека загубата се уште значи вложување во претпријатието, кое се занимава со изградба на дистрибутивна мрежа, приклучоци и снабдување со природен гас.

-Во последниот четвртиот квартал можете да видите дека имаме остварено приход од над 900.000 денари  по основ на приклучоци и 2 милиони денари по основ на продажба на природен гас. 2015 година за разлика од 2014 година за 26 проценти ја имаме покачено потрошувачката на природниот гас што значи 2014-та имаме продадено 214 илјади метри кубни гас, во 2015 имаме 270 илјади метри кубни гас, а за оваа планираме да потрошиме 400 илјади метри кубни гас –нагласи тој.

Советникот Александар Арисиќ нагласи дека е непоходно да се вложат средства во претпријатие кое е во развој, а дури потоа тие ќе почнат да се враќаат.

 

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)