Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во наредниот период ќе ги расчисти сите диви депонии создадени од несовесни граѓани. Акцијата за отстранување на несоодветно депониран отпад на дваесетина локации во кумановско започна утрово со расчитување на мини депонијата во близина на т.н Искрин мост.
„Апел до граѓаните да се воздржат од фрлање на отпад на секоја локација. Мора да ја подобриме соработката со комунална инспекција, секаде каде што ќе се констатира фрлање на отпад мора да постојат ригорозни санкции и казни за тие граѓани. Ние своевремено имавме акции за граѓаните, делевме специјални корпи и канти за отпадоци, ќе гледаме да обезбедиме некоја донација и совесните граѓани да бидат наградени, кои се совесни и редовно си ги плаќаат сметките. Воедно, апел – сите што ги немаат измерено обврските во најбрз можен рок да дојдат, спремни сме да направиме договор за плаќање на повеќемесечни рати, изјави Сашо Томиќ, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.
