Ќе се воведе бесплатен државен WiFi

Владата планира да обезбеди бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини. Засега не се знае кога ќе почне да функционираа оваа услуга. Јавното претпријатие Национална радиодифузија – Скопје кое е носител на проектот до крајот на годината треба да достави предлог листа на локации за обезбедување бесплатен државен WiFi за цела територија на државата. Националната радиодифузија во ова ќе соработува со телекомуникациските оператори, Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и локалните самоуправи.

Коментари

коментар(и)