Ќе се проценува пристапот до гласачките места за лицата со попреченост

Државната изборна комисија започна проценка за пристапност до гласачките места на лицата со попреченост. Проценката следи по препораките кои ги упати Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива Куманово, во рамки на проектот „Учество на лицата со попреченост во политичкиот и изборниот процес во Република Македонија“. Тимови од ДИК, Инклузива и останати надлежни институции и невладини организација, на терен ќе го преиспитаат пристапот до местата каде се гласа. По проценката на официјалната страница на ДИК, лицата ќе можат да пронајдат податоцити дали истото е пристапно. Доколку теренот не е пристапе, ќе имаат можност навреме да поднесат пријава за гласање во домашни услови.

-Од нашето истражување во Североисточниот регион произлезе дека 63 проценти се непристапни гласачките места, а вкупно во двата региони заедно со Полошкиот, 57 проценти. Тоа е огромна бројка, затоа лицата се невидливи во општеството, објектите се непристапни, се гласа во образовни институции, но и во други -истакна Благица Димитровска од Здружение за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива.

Димитровска посочи дека по проценката заедно со ДИК ќе продолжат да работа на организација на гласачкото место. Таа нагласи дека бараат соодветна ширина помеѓу гласачкото место, кутиите и слично. Параванот треба да биде стабилен и пристапен за лица со попреченост.

-На претходните избори утврдивме дека вистината на параванот е мала и се губи тајноста на гласањето. Во однос на гласачките кутии бараме една да биде пониска, за да може лице во количка само да го пушти гласачкото ливче. Во однос на придружник при гласање, бараме да гласа лице од доверба, но во најава е дека ДИК ќе преземе и активност слепите лица да се овозможи да гласаат самостојно, односно ќе се направи папка каде ќе се вметне гласачкото ливче а истото ќе биде на брајово писмо-нагласи Димитровска.

Од Инклузива апелираат и до политичките партии во своите редови да ги вклучат лицата со попреченост, бидејќи досегашните истражувања покажале дека од осамостојувањето на Република Македонија не се случило вакво лице да стане советник или пратеник, иако истите имаат голем интелектуален капацитет.

 

Коментари

коментар(и)