10-ти Бајловски средби во недела

Здружението „Козјачија во срцето“  и годинава ќе организира „Бајловски средби“ , манифестација која што опстојува една деценија. Овој значаен јубилеј за организаторите , но и за луѓето од поширокиот козјачки регион ќе биде одбележан со богата културно- уметничка програма, информира претседателот на здруежението Зоран Бојковски.

-Предвидено е како и секоја година  да има богата културно -уметничка програма, дружење на луѓето од тој крај  што е основна интенција на ова наше здружение, меѓутоа и на оваа манифестација, така беше и започната, да се дружат луѓето што се исселиле не само од Бајловце, туку и од сите околни села од Козјачијата кој што е еден поширок регион и на организиран начин да дојдат да видат со своите соселани, со своите поранешни другари, пријатели да другаруваат на одреден начин, да соработуваат, да воспостават врски кои што веројатно и понатаму ќе траат, изјави Зоран Бојковски, претседател на здружение  „Козјачија во срцето “

Присутните гости ќе уживаат во изведбите на учениците од локалното основно училиште, културно -уметничките друштва „Карпош“  од Старо Нагоричане и „Српски вез “ од Куманово, а манифестацијата ќе биде збогатена и со учеството на Кратовски тамбураши. Пред присутните ќе се обрати претседателот на здружението Козјачија во срцето, а манифестацијата свечено ќе ја отвори градоначалничката на општина Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска.

-Во оваа прилика ги поканувам сите добронамерници не само од Бајловце, туку и од поширокиот регион кои што се заинтересирани за оваа наша манифестација да дојдат, да се дружиме со песна, со игра, на организиран начин да ја прославиме оваа десетта година на манифестацијата која што стана традиционална, изјави Бојковски.

Од година в година се поголем е интересот на граѓаните за „Бајловски средби“ , вели Бојковски. Тој се надева дека и годинава  посетеноста ќе биде на завидно ниво иако манифестацијата се одржува токму на денот на одржувањето на референдумот .

Коментари

коментар(и)