1009 санкции за брзо возење на ниво на државата

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 1009 возачи. Од нив 46 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 540 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 469 надвор од населено место.

Коментари

коментар(и)