102 санкции за непрописно престигнување на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 102 возачи. Од нив, 30 на територијата на СВР Охрид, 27 на територијата на СВР Тетово…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.