105 санкции за брзо возење на територија на СВР Куманово

На територијата на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 105 возачи. Од нив 89 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.  Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од полицијата.

Коментари

коментар(и)