На Спомен – костурницата кај Зебрњак денеска се одбележуваат 112 години од Кумановската битка и големата победа на српската војска против Турците од 22 до 24 октомври 1912 година во рамките на Првата балканска војна.
Податоците говорат дека во Кумановска битка, на ова место, животот го загубиле над 680 српски борци, шестотини биле исчезнати, а повеќе од 3.000 биле повредени.
Пред присутните се обратија српскиот министер за труд и вработување Немања Старовиќ и претседателката на Српската заедница во Македонија, Гордана Јовиќ –Стојковска, а на манифестацијата присуствуваше и српската амбасадорка во Македонија, Невена Јовановиќ.
Свеченоста беше збогатена со музички точки и рецитали од членови на културно- уметничкото друштво „Српски вез“ од Куманово.
Свежо цвеќеи венци во чест на загинатите во Кумановска битка положија делегации од Македонија и Србија, претставници на Владата, Српската заедница во Македонија, делегации на општините Старо Нагоричане и Куманово , политички партии, невладини здруженија и граѓани .
Споменикот е свечено осветен на 31 октомври 1937 година, на 25-годишнината од победата во Кумановската битка. Имал облика на кула во висина од 48,5 метри. Монументалниот споменик на ридот Зебрњак кај Кумановo е урнат на почетокот на Втората светска војна .