Вкупно 139 крвни единици собраа членовите на рибарското друштво Мак-Дам од Куманово, на вчерашната, традиционалната крводарителска акција. Акцијата се спроведе во организација со општинскиот Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина. Ова е деветта крводарителска акција која што ја организира здружението кое што постои од 2006-та година. Од здружението апелираа сите да го следат нивниот пример и да даруваат крв.
139 крвни единици собрани на вчерашната акција
