139 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 139 возачи. Од нив 8 возачи управувале возила со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 84  возила ја пречекорилe брзината надвор од населено место, а 55 во населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од полицијата.

Коментари

коментар(и)