По издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Куманово за претрес во дом и други простории, бил извршен претрес во домот на А.С. во с.Романовце, при што во помошна просторија се пронајдени две торби со три големи полиетиленски пакувања, во кои имало околу 15 килограми наркотична дрога марихуана. На лице место биле затекнати Д.Ц. и Д.И. кои, исто така, се лишени од слобода и по издадена судска наредба, извршени се претреси и во нивните домови.
Од страна на СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово во текот на утрешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава против две лица, поради постеоње основи на сомнение дека го сториле кривичното дело предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик, известија од МВР.