Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 927 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Од нив, значителна е бројката на оние кои се лекуваат во кумановската болница – 156.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.581, а има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите. Сепак, Министерот за здравство, Филипче, денеска ја оцени состојбата како тешка и посочи на примерот со тромбозна реакција на пациентка на возраст од 28 години, која неодамна во Р.Србија ја примила вакцината „Астра Зенека“.