Вкупно 16 073 граѓани го загубиле своето работно место од почетокот на пандемијата. Според официјалните податоци на Агенцијата, овие граѓани се одјавени од задолжително социјално осигурување и останале невработени во периодот по 11 март, 2020 година, заклучно до 31 декември, 2021 година.
Во Агенцијата за вработување во моментов се пријавени 130 982 активни баратели на работа и 54 638 други граѓани кои се пријавуваат на шест месеци и тие се сметаат за пасивни баратели на работа.