2020 година релативно безбедна поради намален криминалитет

Повикувајќи се на статистичките податоци кои покажуваат намалување на криминалитетот, Секторот за внатрешни работи Куманово ја бележи минатата година како релативно поволна од безбедносен аспект.

Како што информираат од кумановската полиција, намалувачкиот тренд на кривичните дела е за 13,9 отсто, а зголемување на вкупната реализација за 0,5 проценти.

– Во текот на 2020 година превземени се организирани превентивно-репресивни мерки, од кои посебно се истакнуваат зголемување на заплена на наркотични дроги на подрачјето, намалување на извршените тешки кражби и зголемување на процентот на нивна реализација, сузбивање на случаи на тероризам, криумчарење мигранти, бесправна сеча и транспорт на огревни дрва, соопштија од СВР Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)