255 санкции за брзо возење на ниво на земјава

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 255 возачи. Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 135 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението.

Коментари

коментар(и)