269 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 269 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 157 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 112 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од полицијата.

Коментари

коментар(и)