3 милиони евра за спортските федерации од Владата

Три милиони евра помош ќе добијат спортските федерации од Владата годинава како помош за справување со ковид кризата, беше одлучено на вчерашната седница.

– Владата ја донесе Одлуката за одобрување на 184,5 милиони денари, односно околу 3 милиони евра од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година од програмите за ковид мерките за спортските федерации на кои им е издаден ваучер согласно Законот за спорт, со што се создаваат услови за непречено спроведување на нивните активности и во овие вонредни услови заради пандемијата со КОВИД-19.

Коментари

коментар(и)