43 години од смртта на Јосип Броз Тито

Граѓани почитувачи на ликот и делото на поранешниот доживотен претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито денеска положија свежо цвеќе пред неговата спомен плоча во чест на 43-годишнината од неговата смрт.

Меѓу нив беше и градоначалникот на oпштина Куманово Максим Димитриевски.

Смртта на Јосип Броз-Тито, доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и на Сојузот на комунисти на Југославија на 4 мај 1980 година е еден од најзначајните настани во историјата на Југославија.

Титовиот погреб, одржан на 8 мај во Белград, на кој присуствувале 211 делегации од 128 земји на светот официјално е најпосетен погреб на некој државник во историјата.

Тој е погребан во поранешната зимска градина на својата резиденција, т.н. „Куќа на цвеќето“, а неговиот гроб досега го посетиле милиони луѓе.

Коментари

коментар(и)