44 санкционирани возачи за вградени неатестирани фолии

Во периодот од 01-ви до 03-ти месецов Министерството за внатрешни работи спроведе засилена контрола за санкционирање на возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) при што санкционирани се 44 возачи.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта-велат од полицијата.

Коментари

коментар(и)