47-годишен кумановец нападнал сопруга

47-годишен кумановец бил приведен два часа по полноќ, бидејќи ја нападнал сопругата. Како што информира СВР Куманово, полициски службеници го лишиле од слобода Р.А. (47 години) од Куманово затоа што на булеварот „Октомвриска Револуција“ физички ја нападнал неговата сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Коментари

коментар(и)