487 новозаболени од коронавирусот, 50 во Куманово

Во последните 24 часа направени се 3.491 тестирањe, а регистрирани се 487 нови случаи на КОВИД.  Од нив најмногу се во Скопје,  Куманово – 50,  Штип – 28,  Прилеп – 25, Кочани –20, Велес – 18, Битола – 13, Струмица – 10, Гевгелија – 9, Кавадарци, Охрид и Кратово – по 8, Тетово, Неготино, Свети Николе и Ресен – по 6,  Кичево и Крива Паланка – по 5, Струга и Пробиштип – по 4, Радовиш и Виница – по 3, Валандово, Богданци, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 2 и Берово и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица.

Бројот на активни случаи изнесува 5.699.