52 санкционирани возачи на мотоцикли

Во текот на вчерашниот ден спроведена е акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 52 возачи. Од нив, 21 возач не користел заштитна кацига за време на возење, 19 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 203 други видови на сообраќајни прекршоци, информираат од МВР.

Коментари

коментар(и)