Во Занаетчискиот дом концерт по повод 55 години музичко творештво синоќа одржа кумановската музичка ѕвезда, Маргица Антевска. Пред присутната публика беа интерпретирани стари македонски народни и забавни музички нумери и преработки на познати стихови. Антевска настапи придружувана од Марко Митковски на пиано, Бојан Трајчев- гитара, Никола Петковски- виолина и Милена Митковска-вокална придружба. Концертот се одржа под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
55 години музичко творештво на Маргица Антевска
